Главчев: Македонија употреби тон кој тешко ќе ѝ помогне да стане членка на ЕУ

од Nikola Popovski
51 прегледи

Не мислам дека тонот што Република Северна Македонија го користи во последно време ќе ѝ помогне да стане членка на Европската Унија. Не станува збор за какви било нови преговори. Мислам дека направивме доволно компромиси со нашиот национален идентитет и тие само треба да се усогласат со барањата на ЕУ за да станат членка на унијата, изјавил бугарскиот технички премиер Димитар Главчев во врска со последните тензии на релација Скопје-Софија по посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во Бугарија, неистакнувањето на македонското знаме на средбата со нејзиниот колега Румен Радев, но и критиките од бугарските политичари кон вицепремиерот Александар Николоски за неговите изјави.

Главчев истакнал дека Бугарија е предвидлив партнер и лојална членка на ЕУ.

„Немаме со што да ги изненадиме другите земји-членки. Знаете дека го поддржуваме проширувањето и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, уште повеќе – во 2017 година ја продолживме оваа тема и бевме предводници на процесот. Секоја земја од Западен Балкан што сака да стане членка на ЕУ ќе биде земена предвид за нејзиното учество во овој процес и исполнувањето на сите барања кои се неопходни за да стане членка на ЕУ“, истакнал тој, пренесува „БГНЕС“.

Слични содржини