Главниот идеолог на Путин застана против Вучиќ: Готов е, Србите сакаат да замине

Во овој момент, тој зад себе го има државниот апарат, но нема никаква поддршка од граѓаните, порачува Александар Дугин

од desk2
23 прегледи

Рускиот аналитичар Александар Дугин, познат и како „главниот идеолог“ на Владимир Путин во својата анализа на руски „Спутник“, на изненадување на многумина, коментирајќи ги најновите протести во Србија, порача дека српскиот претседател Александар Вучиќ повеќе нема поддршка и дека го загубил својот легитимитет.

„Сите Срби сакаат Вучиќ да си оди. Во овој момент, тој зад себе го има државниот апарат, но нема никаква поддршка од граѓаните. Луѓето се плашат од уште една шарена револуција и не учествуваат во протестите, не излегуваат на плоштадите, не викаат. Но Вучиќ е готов, неговиот легитимитет исчезна. Мислам дека овие протести се насочена на тоа Вучиќ едноставно да исчезне…. Вучиќ мора да си оди. Тоа е мислењето на српското општество“, нагласува ултраконзервативецот Дугин, кој до пред неколку месеци имаше сосема спротивни ставови за српскиот претседател.

Тој тогаш порачуваше дека Вучиќ е на страната на Христос, а демонстрантите биле опчинети од Сотоната.

Слични содржини