Главните лица зад превратот – поранешен шеф на воздухопловните сили и зет му

од desk3
107 прегледи

Поранешниот командант воздухопловните сили на Турција ген. Акин Озтурк и неговиот зет полковник поручник Хакан Каракуш се главните лица кои стојат зад обидот за преврат во Турција, објави турската телевизија СНН-Турк.

Тој беше назначен за командант на воздухопловните сили во август 2013 година, а во август 2015 година се пензионира.

0000309236-article2

СНН-Турк информира дека група војници го предупредиле минатата година Генералштабот на турската армија за можноста Озтурк, за кого се тврдело дека има врски со муслиманскиот проповедник Фетхуллах Гулен, да направи обид за државен удар.

Телевизијата наведува дека Озтурк требало да присуствува синоќа на свадба во Истанбул на ќерката на висок воен претставник. На свадбата беа поканети сите високи претставници на воздухопловните сили. Не е присутен само Акин Озтурк.

Според информациите на СНН-Турк Озтурк дал наредба во 22 часот синоќа за започнувањето на операцијата на Пуч во Анкара.

Грција ги разгледува барањата за азил на осумте војници-пучисти од Турција

Обид за воен удар против владата на владејачката исламско-конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП) беше извршен во текот на изминатата ноќ во Турција. Над 260 лица се убиени, а над 1100 беа повредени, соопшти премиерот Бинали Јилдирим, претставувајќи ги најновите податоци за настаните. Повеќе од 2800 се притворенит, но нивниот број најверојатно ќе се зголеми.

Во последните 50 години, како резултат на воена интервенција паднаа четири избрани од народот влади во Турција.

Слични содржини