Третиот тенисер во светот и прв носител на АТП турнирот во Минхен, Германецот Александар Зверев во петокот го победи Холанѓанецот Талон Грикспур (АТП – 37.) со 6:7 (6), 7:6 (3), 6:4 и со тоа за првпат влезе во полуфиналето на еден АТП турнир по својот настап на финалето на Австралија Опен.
Зверев беше на прагот на нов пораз во четвртфиналето, но Грикспур пропушти водство од 5-3 во вториот сет без да дојде до меч-топка. Германецот ќе игра против Унгарецот Фабијан Марожан (АТП – 77.), кој со 6:3, 7:6 (4) го победи Белгиецот Зизоу Бергс (АТП – 50.) за да се пласира во финалето.
Натпреварот го одбележал своевиден напад врз Зверев од страна на домашната публика. Имено, на крајот од вториот сет, кој Зверев го сврте во своја полза, некој од публиката извикал „Така е злоставувач на жени“.
Гледачот алудирал на обвинувањата на поранешната девојка на Зверев дека Германецот ја тепал. Со оглед на тоа дека девојката подоцна ги повлекла обвиненијата, против Зверев никогаш не било докажано ништо и тој се смета за невин. Еден гледач кој постојано го „потсетувал“ за наводниот инцидент не се согласува со тоа.
Како што пренесува германски Билд, Зверев не обрнал премногу внимание на извиците од трибините, туку ја завршил работата и победил во полуфиналето.