Исланд е најмирната земја во светот во 2020 година, покажуваат податоците објавени во истражувањето на „Global Peace Index“, позиција што ја држи од 2008 година, а по него следуваат Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија.
Глобалниот мир се влоши деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, ова е второ најмало влошување забележано во претходните истражувања, пренесува „Фена“.
Авганистан е се уште најмалку мирна земја во светот. Понатаму, во годинешниот извештај, осум од десетте најмирни земји во светот се во Европа, што го прави тој континент најмирен регион во светот.
Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17 -то место. Северна Македонија е рангирана на 40 -то место, Србија на 44 -то, Албанија на 48 -то, Црна Гора на 51 -то и Косово на 80 -то место.
Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти: социјална сигурност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација.