Од целиот свет пристигнуваат извештаи за раширени дефекти во компјутерските системи што ги користат авиокомпаниите, банките и водечките медиуми.
Поради пропусти во софтверот, авиокомпаниите и аеродромите масовно ги откажуваат летовите, а оние кои веќе се во воздух бараат место за итно слетување.
Причината за масовниот прекин во ИТ системите се уште не е утврдена, но Мајкрософт вели дека презема чекори за да ги ублажи последиците.
Поради проблемот биле приземјени авиони на американски и австралиски компании.
И железничките компании во Обединетото Кралство велат дека се соочуваат со „распространети ИТ проблеми“.
Британската телевизија Скај њуз беше принудена да го прекине преносот во живо, а пореметувања имаше и на лондонската берза.
Поради проблеми со серверот, многу авиокомпании ширум светот ги прекинаа летовите.
Засегнати беа и многу банки.
„Мајкрософт“ соопшти дека „истражува проблем што влијае на способноста на корисниците да пристапат до различни апликации и услуги“.
Сепак, портпаролот на Мајкрософт изјави за Би-Би-Си во петокот дека „повеќето услуги се обновени“.
Портпаролот на австралискиот министер за внатрешни работи рече дека прекинот се чини дека е поврзан со проблем во глобалната компанија за сајбер безбедност Crowdstrike.
Австралиската телекомуникациска компанија Телстра рече дека главниот контакт за итни случаи во Австралија не бил засегнат.