Милошоски: Владата не ги следи извештаите од државните институции, ДЗР предупреди за слабости во ИТ системот

од Vladimir Zorba

Собранието вечерва го заврши претресот по предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

На денешната седница, владата беше обвинета од опозицијата дека не ги следи извештаите од државните институции.

Како што посочи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Владата била навреме предупредена од Државниот завод за ревизија дека има слабост во функционирањето на ИТ системот на Фондот за здравствено осигурување.

-Доколку го виделе ревизорскиот извештај немаше да имаме вакви проблеми како што сега имаме, рече Милошоски.

Од опозицијата го обвинија и премиерот Димитар Ковачевски дека на собраниската седница чита книги со слушалки на уши и воопшто не ги слуша пратениците што говорат.

Слични содржини