Глобалната трговија со кокаин продолжи да руши рекорди во 2023 година, се вели во најновиот извештај на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC), во кој се предупредува дека кокаинот сега е најбрзо растечката нелегална дрога во светот.
Проценките покажуваат дека глобалното производство на нелегален кокаин се зголемило за околу една третина на рекордно високо ниво од повеќе од 3.708 тони, што во голема мера се должи на проширувањето на одгледувањето листови од кока во Колумбија, а новите податоци покажуваат дека приносите по хектар биле околу 50 проценти повисоки отколку во 2022 година, објави Ројтерс.
Бројот на корисници на кокаин исто така се зголемува – околу 25 милиони луѓе ширум светот ја користеле дрогата во 2023 година, во споредба со 17 милиони пред една деценија.