Самитот на водачите на ЕУ 27 за пакетот за опоравување од последиците од кризата Ковид-19 е само 20 минути пократок од најдолгиот самит во историјата на ЕУ, се наведува како интересен факт во Брисел.
Средбата на лидерите, која започна во петок, 17 јули, во 10 часот, заврши во вторникот во 5:45 часот наутро.

„Требаше да завршиме во 6:05 часот за да го срушиме рекордот од самитот на ЕУ во Ница во 2000 година. Побарав да трае малку подолго и сите се смееја“, рече холандскиот премиер Марк Руте.
Руте додаде дека му се причинило дека успеал да го достигне рекордот од Ница поради „подолгиот затворен говор на италијанскиот премиер Конте“, но дека на крајот „завршиле порано“.
Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пресмета дека овој самит траел вкупно 90 часа.
Лидерите проценуваат дека преговорите за време на „четири дена и четири ноќи“ биле тешки и повремено полни со тензии а не изостанале ниту меѓусебните обвинувања.
„Јас сè уште сум во добр односи со сите. Сепак, сите ние сме професионалци“, порача Марк Руте на крајот на самитот за кого во текот на преговорите имало најмногу критики заради цврстиот став околу стрикните услови за распределба на парите и заради инсистирање на смалување на фондот наменет за бесповратна помош.
Самитот на ЕУ-27 во Брисел овој пат се одржа во изменети услови, како резултат на мерките за контрола на инфекцијата Ковид-19.
Ова значеше намален број на делегации и физичко отсуство на медиумите кои можеа да го следат самитот од далечина преку Интернет-платформата. Во обид да го поминат времето и да останат будни додека не се постигне договор, новинарите синоќа разменувале слики од своите миленици на заедничките интернет платформи и групи.