Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто, повторно вети кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски

Тој упати благодарност до општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено-одговорните компании кои помогнале.

од Vladimir Zorba
69 прегледи Фото: Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ. Затоа, преземаме во свои раце! А за неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто!, напиша на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати благодарност до општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено-одговорните компании кои помогнале.