Осум кандидати за амбасадори поминаа, само за Фрчкоски беше исклучок, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во дневникот на Сител.
Тој смета претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонио Милошоски можел да закаже седница за одбрана на платформата на Фрчковски и опозицијата таму лично да му ги постави прашања што ги смета за прека за негово заминување на амбасадорската функција.
-Го молев Милошоски на јавна седница да го праша за неговите аргументи, но тој не сакаше, додаде Пендаровски.
Пендаровски вечерва негираше дека САД не прифатиле уште еден кандидат за македонски амбасадор во Вашингтон.
-Владата ми дава предлози, а јас потпишувам указ. Исто така демантирам дека Теута Арифи била влезена во предлозите за амбасадор, појасни Пендаровски.