Фудбалската репрезентација на Велс заврши со настапотна Европското првенство откако во осминафиналето беше поразена од Данска со 4-0. Поразот, но и лошиот натпревар, го налути Герет Бејл.
Можете да видите колку е лут најдобриот играч на Велс кога се жалеше на судијата, а сето тоа кулминираше по натпреварот. За време на интервјуто, новинарот сакаше да го праша дали ова е неговиот последен натпревар за националниот тим. Бејл, на половина од прашањето, веднаш штом сфати за што станува збор, само се сврте и го напушти интервјуто без збор.
За потсетување, во последните месеци се шпекулираше за иднината на Бејл. Во шпанските медиуми дури имаше информација дека Велшанецот сака да игра на Европско првенство, а потоа да се пензионира по настапот и да се посвети на својата голф кариера.
Bale walks off during the interview. 😂 pic.twitter.com/D6llw1ZPc9
— MUHQ News (@MUHQNews) June 26, 2021