Скопјанец пријавил физички напад од сосед во селото Раштак, информираат од полицијата.
Според МВР, на 10.03, И.Н.(46) од селото Раштак, скопско, пријавил дека околу 20.40 часот, на место викано Каменица, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од неговиот сосед В.В.(58), кој употребил и тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.