Утрово во населбата Аеродром бил пријавен случај во кој новородено бебе било напуштено од мајката, за која постојат сомневања дека се породила во својот дом.

Скопјанка во 11.15 часот пријавила во СВР Скопје дека во нејзиниот дом на улицата Методија Шаторов -Шарло, во населбата Аеродром, дошла нејзината ќерка која во рацете држела новороденче, и ѝ го оставила, а потоа го напуштила станот.
МВР информира дека новороденчето било однесено на преглед во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а се преземаат мерки за пронаоѓање на мајката на детето и за целосно расчистување на настанот.