Денис Проценко, главен медицински лекар на инфективната болница во Подмосковје, објави дека закрепнал од коронавирусот и излегува од самоизолација.

„Два негативни резултати од тестот. Изолацијата е завршена – полно работно време. Подетално ќе напишам штом ќе се вратам од црвената зона“, напиша лекарот.
Проценко ја објави оваа вест на својот Фејсбук профил.
За потсетување веста дека Проценко се заразил со Ковид-19 од пациенти, самиот лекар ја соопшти на 31 март. На 5 април, директорот на Институтот за итни случаи Склифосовски, Сергеј Петриков, изјави дека кај Проценко е забележана поблага форма на болеста.
Според податоците, во Русија 21,102 луѓе биле заразени со вирусот на корона, излечени се 1694 лица, додека 170 починале.