„Слушам дека и опозицијата најавува ветинг на политичарите. Бараат надлежните органи да испитале дали било кој од нас, несразмерно го зголемил имотот. Го поддржувам овој предлог и додавам уште еден параграф. Да го провериме нашиот имот и имотот на нашите блиски, не само во изминатите пет години, туку од 90 до денес, па да видиме дали ќе го поминат тој тест оние кои ги кршеа санкциите на ОН против тогашна Југославија и без закон за национализација присвојуваа национализиран имот за себе“ рече претседателот Стево Пендаровски на конвецијата за промоција на кандидатурата за втор мандат.
Тој додаде дека СДСМ изминатиот период не погреши во стартешките одлуки, но имаше политички и кадровски грешки, а најголема замерка има за неисполнувањето на паролата „Нема правда – нема мир“.
Во оваа смисла, не може да го вратиме времето назад, но нужно е да се обврземе на целосен ветинг на сите судии и обвинители и пред се, на нас, политичарите“ рече Пендаровски.
Тој додаде дека сите кои намерно држат предмети во фиоки со години или не можат да докажат како од плата заработиле милиони треба да бидат разрешени и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции.