Го проблематизираат изборот на Младен Чадиковски за лидер на ЗНМ

од Марта Пешевска
102 прегледи

Изборот на Младен Чадиковски за нов претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го проблематизираа неколку новинари на социјалните мрежи и во медиумите. Според толкувањето на Горан Трпеноски, новинар на интернет порталот Сакам да кажам, Чадиковски иако имал повеќе гасови и не се спорни, ама не бил избран со потребното мнозинство од присутните на Изборното собрание, како што е предвидено со статутот на ЗНМ. 

Младен Чадиковски беше избран со 86 гласови, пред својот противкандидат Столе Наумов, кој освои 77 гласови од 175-те присутни на Изборното собрание на ЗНМ. Според толкувањето на новинарот Трпеноски, кој бече ќлен и на верификационата комиссија., за победа е потребно да се добие мнозинството гласови од сите присутни на Изборното собрание, а не само повеќе гласови, односно дека победникот во овој случај би требало да добие најмалку 88 гласови.

Канал 5, кој во старт тргна со црна камшања против Чадиковски, продолжува  со вокабулар што, сепак, не соодветствува со размерот на проблемот, победата на Младен Чадиковски ја квалификува како „скандалозна и пирова“ и најави дека „ќе ја извести Европската Аоцијација на Новинари, за да види дали станува збор за намерна или случајна измама но и ќе ги оспори претход споменатите постапки кои се спротивни на Статутот на ЗНМ“.

ОД ЗНМ велат дека се бара влакно во јајце и дека од присутниѕе гласале само 169, не сите 175 и тоа е бројката која го носи ЧАдиковски за нов лидер на ЗНМ.

Нејасно останува зошто некои новинари застануваат протв Чадиковски кога и самиот противкандидат Столе Наумов во својот говор рече гласајте за Младен, јас и онака до последен момент се премислував.

И  двајцата кандидати во  коментирите на озборувањата, велат дека си има комисија нека си утврди како е и е што е правилно.

 

Без оглед на  толкувањата и озборувањата и  тоа дали толкувањат  на Статутот на ЗНМ се издржани или не,  како што се претпоставуваше ваквите реакции беа очекувани поради тоа што и на стартот имаше обиди да се одложи собранието или да се спори со резиборот без да се знае кој ке победи.

Инаку финасиските извештаи и тие за работењето на ЗНМ во изминатиот период беа едногласно усвоени.