467
МВР информира за инцидент во кумановското село Табановце.
Како што велат од полицијата, 23-годишната Ј. А. во текот на семејна расправија со остар предмет му нанела убодна рана на својот сопруг Љ. А. (25), кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете.
Тој бил пренесен во кумановската болница, каде што му биле констатирани тешки повреди.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.