Го прости неверството: Кајли со еден потег ги разбесни фановите

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, одлучила да го прости неверството на своето поранешно момче со кое ја има ќеркичката Сторми.

Имено, Џенер на инстаграм објави нивна заедничка фотографија, од времето кога биле заедно, што фановите и светските медиуми го сфатија како јасна потврда – се смириле.

Инаку, по неверството, Кајли била со поранешното момче Тајга, а била и фотографирана за време на одењето на натпревар на НБА во Хјустон. Меѓутоа, се чини дека Кајли завршила со одмаздата и решила да ги измазни работите и да го врати нивниот однос.

Фановите, пак, со поделени мислења. И додека имало такви на кои ова им било во ред, други тврдат дека ваков маж не ѝ е потребен.

Слични содржини