Го разбираме револтот на граѓаните за куќниот притвор на Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од „Белата палата“ додаваат дека извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Локално

„Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за куќниот притвор на екс-вицепремиерот.

Од партијата додаваат дека извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.

„Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“, тврдат од најголемата владејачка партија.

Слични содржини