Годинава нема да биде доделена државната награда „23 Октомври“

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 Владата на денешната седница го усвоила предлогот на Министерството за култура оваа година да не биде доделена државната награда „23 Октомври“.

Министерството и го предложило тоа на Владата врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот ѝ завршил во февруари оваа година, а претходната Влада не покренала постапка за формирање нова.

– Поради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување кандидати за оваа награда, информира владината прес-служба.

На седницата Владата донела и одлука да се даде позитивно мислење на Предлогот на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП.