Годишен хороскоп за БЛИЗНАЦИ: Ослободете се од луѓето кои ве искористуваа

од Elena Daskalova
382 прегледи

На самиот почеток на годината, Близнаците ќе чувствуваат одредена несигурност, која ќе им го искомплицира носењето дури и на наједонставните одлуки.

Можни се и мали разочарувања, бидејќи како што вие сакате да им угодите на сите, ќе сфатите дека не секој ја има истата желба кога сте вие во прашање. Незадоволството ќе ве натера да промените одредени нешта во својот живот, како и да почнете сериозно да работите на меѓучовечките односи.

На некои од луѓето околу вас нема да им се допаѓа вашата промена, најмногу поради тоа што веќе нема да можат да манипулираат со вас, како што можеле досега. Но, за ваша среќа, ќе дознаете кој навистина ви бил пријател, а кој само ве користел.

Работа

На почетокот на годината повеќе Близнаци ќе размислуваат за тоа да побараат нова работа. Причина за тоа ќе биде незадоволството од условите и меѓучовечките односи на моменталното работно место. Добро размислете пред да донесете ваква одлука. Можете да размислите и за промена на професијата. Во таков случај, ќе ви биде потребно малку време додека да се вклопите, но многу брзо ќе почнете да се чувствувате како тоа да го работите со години.

Љубов

Ќе бидете доста неодлучни на љубовен план, а во игра ќе влезат и личности од вашето минато. Имате чувство дека тоа не е добра идеја, но сепак ќе дадете шанса на поранешен партнер. Но, стравот дека ќе бидете повторно повредени и понатаму ќе остане. Со време ќе сфатите дека е време за крај на ваквиот однос. Потоа, ќе сакате одреден период да бидете сами, за целосно да закрепнете.

Близнаците кои се во врска или во брак мора да имаат трпение со партнерот, кој ќе се соочи со сериозни проблеми. Потрудете се да пружите безусловна поддршка и да му дадете до знаење дека секогаш може да смета на вас. Ова искуство ќе ја зацврсне вашата врска и ќе ве направи поблиски од кога било.

Пари

Оваа година ќе имате доста финансиски проблеми, од кои можете да се спасите само ако ги промените и нормализирате своите навики за трошење. Размислете добро пред да подигнете кредит, бидејќи ќе треба да го враќате со камата. Блиските ќе ви помогнат со позајмица. На крајот на годината ќе ги решите овие проблеми и ќе научите важна лекција за никогаш веќе да не ја повторите истата грешка.

Здравје

Променливо расположение, чувствителност и постојана потреба со некого да разговарате, ова ќе биде во глобала вашата состојба во 2020 година. Ќе почнете да спортувате, да се храните поздраво, но и да практикувате редовни лекарски прегледи. Повозрасните Близнаци мора редовно да водат сметка за крвниот притисок, а можеби и ќе треба да исфрлат од исхраната намирница која многу ја сакаат.

Каква ќе биде годината за Биковите, прочитајте ТУКА.

 

Слични содржини