202
Годишната стапка на инфлација во еврозоната се искачи на 2,9 отсто во декември од ноемвриските 2,4 отсто, во согласност со претходната проценка, потврди денеска Евростат.
Во декември цените на енергенсите паднаа за 6,7 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од ноември, кога беше забележан пад од 11,5 отсто, додека инфлацијата во услужниот сектор стагнира на четири отсто.
Храната, алкохолот и тутунот поскапеле за 6,1 отсто, а индустриските производи за 2,5 отсто на годишно ниво, објавено е на веб-страницата на Евростат.