Новак Ѓоковиќ одлучи да не се тестира за коронавирус во Хрватска, откако се дозна дека Григор Димитров е заразен со „Ковид-19“.
Најдобриот тенисер во светот, како што извести неговиот тим, одлучил да не биде тестиран на лице место, затоа што тој не чувствува никакви симптоми, ниту некој од неговата околина, вклучително и стручниот штаб.

Сепак, по неговото пристигнување во Белград, тој ќе се јави кај епидемиолог и неговиот лекар и ќе ја продолжи постапката според препораките на медицинската служба.
Потсетуваме дека во текот на претходните денови, Новак беше во исклучително близок контакт со Димитров, затоа што покрај дружењето, заедно играа и кошарка и фудбал.
Тренерот на Новак, Горан Иванишевиќ, според сопствената исповед, пред три дена направил тест за коронавирус на своја иницијатива и тоа беше негативно.