Ѓоковиќ откри што прво ќе стори кога ќе излезе од карантин (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ веќе шест дена е во карантин во Аделаида.

Движењето и слободата, кои му се ограничени уште една недела, не се лесни за него, исто како и за другите играчи.

Новак во неколку наврати комуницираше со навивачите и медиумите од балконот на хотелската соба.

Новинарите повторно дојдоа, а српскиот тенисер даде едно од најнеобичните интервјуа во неговиот живот.

„Чудно е да се биде затворен во соба 14 дена, но во исто време сме многу среќни во однос на играчите од Мелбурн, бидејќи имаме повеќе часови што можеме да ги поминеме надвор и на теренот“, рече Ѓоковиќ.

Што ќе стори прво кога ќе излезе од изолација?

„Првото нешто што ќе го сторам во петок наутро е да истрчам директно во овој парк и да поминам еден час таму“, додаде тој.

Слични содржини