Ѓоковиќ против Мареј во финалето на завршниот Мастер во Лондон

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

 Србинот Новак Ѓоковиќ се избори за финалето на завршниот турнир од АТП Мартерс серијата која се одржува во „О2“ арената во Лондон, во кое за противник ќе го има Британецот, Енди Мареј. nole
Ѓоковиќ во полуфиналето беше подобар во два сета од Јапонецот, Кеи Нишикори кому во двата сета му преушти само по еден гем односно, Србинот мечот го доби со 6-1 и 6-1.
Претходно, во првиот полуфинален меч кој траеше 3 часа и 38 минути, Мареј со 2-1 го совлада Милош Раониќ од Канада.
Финалниот меч меѓу Мареј и Ѓоковиќ кој ќе се игра вечерва со почеток од 19 часот, ќе решава и кој од овие двајца тенисери ќе ја заврши годината на првото првото место на АТП листата.