Ѓоковиќ: Сакам да ја продолжам победничката серија во Рим

од Vlatko K
106 прегледи

Новак Ѓоковиќ, кој во финалето на „Мастерс“ турнирот во Мадрид го победи во два сета Стефанос
Циципас (Грција), го прокоментира својот успех.


„Многу сум задоволен. По полуфиналето реков дека оваа победа е многу важна за мојата
самодоверба. По турнирот во Австралија не покажав најдобра игра, па сакав да го направам овој
потег. Почнав добро, не изгубив сет во текот на целиот турнир, па јас сум многу задоволен – го
покажав најдобриот тенис“, изјави Ноле по дуелот.

„Циципас е многу талентиран, тој го отстрани Рафа Надал. Нивниот меч заврши по полноќ. Легна
многу доцна и јас видов дека во движењето тој веќе не е толку динамичен, како против Надал,
очигледно поради долгиот натпревар. Тој имаше неверојатна недела, а за мене тоа е голема
победа. Сега навистина сакам да ја продолжам победничката серијата во Рим“, изјави Новак
Ѓоковиќ.