Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе учествува на Мастерсот во Синсинати во Њујорк. Новак изјави дека нема на кој да се правда или да удоволува заради проблемите што се појавија по по „Адрија тур“, и дека фактот дека Надал и Федерер не се таму не влијаела на неговата одлука да дојде и да се натпреварува во САД.
Тениската јавност е заинтересирана дали Новак ќе мора да се покаже во поинакво светло, заради проблемите што се појавија поради организацијата на балканскиот турнир.
„Нема потреба да покажувам поинакво лице, затоа што луѓето ме познаваат добро и се враќам во околината каде што сум најсигурен. Не уживам во ништо поврзано со тенисот надвор од теренот, како што правам кога сум на теренот. Ми се допаѓа да се натпреварувам на крајот на денот. Сите ние сме професионални играчи и сакаме да бидеме тука и да продолжи сезоната“, рече Новак.
Најдобриот тенисер на светот им честиташе на организаторите во САД, затоа што тој знае колку е тешко да се направат вистинските потези во ваква ситуација.
„Ми недостасуваше тенисот и конкуренцијата, управата и одборот на АТП успеаја да го организираат ова. Околностите и условите во кои се игра се различни од она на што сме навикнале, но во исто време има и важни позитивни работи, а тоа е дека сме тука. Честитки до сите што го постигнале ова, не е лесно. Ние сме едни од ретките глобални спортови кои не најдоа начин да ја продолжат сезоната и тоа е разбирливо затоа што зборуваме за перспектива каде спортот се игра низ целиот свет недела по недела, други земји и континенти имаат разни ограничувања“, посочи Новак.
Српскиот тенисер изјави дека во последен момент решил дали ќе игра во САД.
„Бев близу до одлука да не дојдам во Њујорк, една недела пред да слетам во Њујорк не знаев дали да играм или не. Бидејќи работите беа прилично непредвидливи, имаше многу прашања за кои требаше да се зборува. Најважното нешто што мораше да се потврди беше враќањето на тенисерите во Европа, без карантински период. За да можеме да се натпреваруваме на турнири во Европа. Тоа беше клучен проблем, кој не беше потврден до неодамна“, рече Ѓоковиќ.
Одлуката за неговото пристигнување во САД не е под влијание на откажувањето на Рафаел Надал.
„Не ја донесов мојата одлука затоа што Рафа се откажа. Тоа е она што луѓето сакаат да го слушнат, но ја донесов мојата одлука неколку месеци порано да дојдам на УС Опен и да играм на подлога каде што секогаш сум имал многу успех. Донесов одлука да дојдам, но не бев сигурен дека тоа ќе се случи се додека не се исполнат споменатите услови. Секој Гренд слем што го играм е шанса да ја освојам титулата, но и за другите тенисери. Дали моите шанси се подобри, бидејќи Рафа и Роџер не се тука, не знам, не е благодарно да зборуваме затоа што е непочитување кон другите играчи кои се таму, момците кои се добри како Роџер, Рафа и мене“, рече Новак.
„Секој може да победи на УС Опен, особено сега, после шестмесечна пауза. Добро е што го имаме Синсинати пред Гренд-слем турнирот, но сигурно не знаеме како ќе се чувствуваме на теренот. Не можете да добиете пешкир од луѓето што собираат топки, тоа ќе го продолжи времето меѓу поениете, па дури и самиот натпревар. Прво мора да ја почувствувате новата атмосфера, да знаете како ќе се однесувате”, заклучи Србинот.
Мастерсот во Синсинати започнува во Њујорк денеска, 22 август и завршува на 28 август, по што УС Опен ќе биде на програмата, од 31 август до 13 септември.