Голден Стејт го извади од употреба дресот со бр.9 на еден од нивните главни играчи во последниве
години – Андре Игуодала.

За шест сезони во дресот на „воините“, 35-годишниот Игудала освои три титули во НБА, а во 2015
година беше прогласен за најкорисен играч во финалето.
Пред неколку дена, Голден Стејт се согласи да го продаде Игудала на Мемфис Гризлис.
„Благодариме на Андре за неговиот придонес во тимот. Неговиот дрес излегува од употреба и ќе ја
краси витрината на „Чејс Центар“, прокоментира мнозинскиот сопственик на Голден Стејт – Џо
Лејкаб.