Голден Стејт го урна Портланд со 45 поени разлика

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Голден Стејт воини го декласираше Портланд Треј блејзери со 135: 90 на домашен терен во дуел од НБА.

“Воини”ја  освоија првата четвртина со 18 поени разлика, по што беа подобри и во останатите делови да дојдат до  предност до 45 коша.

Кевин Дурант излезе  со 34 поени и 11 скока, а за гостите најпрецизен беше  Демијан Лилард со 20 поени. Во Оклахома Сити тимот на Тандер се наметна  над Феникс Снс со 114: 101. Клучен  се покажа првиот дел, на која домаќините тргнаа с0 15 поени, а потоа ја контролираа играта. Расел Вестбрук стана автор на трипл-дабл – 26 поени, 22 асистенции и 11 скока.

Слични содржини