Бранителот на трофејот Голден стејт рано утрово забележа убедлив триумф над Портланд во
првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во НБА-лигата. „Воините“ ноќеска славеа со 116:94
за водство од 1-0 во серијата прв до четири победи.

Стеф Кари со 36 и Клеј Томпсон со 26 поени беа најефикасни во победничкиот тим. Кај Портланд се
истакна Лилард со 19 поени.
Вториот меч од финалето во Западната конференција на распоредот е на 17 мај повторно на
теренот на ГС.
За вечер во 2:30 по полноќ е закажан стартот на финалната серија во Источната конференција. На
првиот дуел Милвоки ќе му биде домаќин на Торонто.