Голем број на набљудувачи поради можни нерегуларности? Од ОБСЕ имаат главен тим со 12 меѓународни експерти

од Nikola Popovski
214 прегледи

Денеска во земјава се одржа прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ ОДИХР на претседателските и парламентарните избори. Беше соопштено дека Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ/ОДИХР има клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји-учеснички. Ќе бидат во земјава и за двојните избори. Покрај главниот тим, ќе имаат и група од 20 лица-долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени во Тетово, Охрид, Битола, Струмица, Прилеп, Штип, Куманово, Кочани, а два тима ќе има во Скопје.

Побарале и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да пристигнат непосредно пред изборите.

Според Џилијан Штирк, шефица на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, бројот на набљудувачи се заснова на пораките од Мисијата за проценка на потребите.

-Имате два вида на избори во ист ден и не е невообичаено да има голем број на набљудувачи. Ова се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите, рече Штирк, одговарајќи на новинарски прашања. Шефицата не откри дали имаат сознанија и дали очекуваат одредени нерегуларности.

Од ДУИ порачаа дека е зголемен бројот на набљудувачи бидејќи велат, се очекуваат нерегуларности и конфликти.

Слични содржини