Голем број пожари и понатаму дивеат на Балканот

од desk2
12 прегледи

Во балканските земји и понатаму има голем број шумски пожари што создаваат огромни штети и главоболки на населението и властите.

Во Турција, во северозападната провинција Бурса и во северната провинција Карабујук и понатаму беснеат, соопшти министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Ибрахим Јумакл. Во Карабујук веќе пет дена има голем шумски пожар, поради што се евакуирани 19 села. Три авиона и 16 хеликоптери се борат со огнената стихија при многу високи температури.

За првпат во официјалните мерења, на југоистокот на Турција беше регистрирана температура над 50° Целзиусови, јавуваат турските медиуми.

Во Албанија во саботата избувнаа 26 пожари. Албанските служби за вонредни ситуации и претходно имаа многу работа со пожарот кај јужниот албански град Делвина, во кој беа повредени тројца, а околу 2.000 луѓе беа евакуирани.

Во Косово пожарникарите изгаснале 17 пожари што биле распламтувани од силниот ветер, а уште 12 се активни и против нив се дејствува.

Во Србија, каде во последните денови температурите се искачуваа до 42° Целзиусови, претпладнево активни беа 27 шумски пожари. Едно лице е повредено, а има десетмина спасени.

Во Бугарија има околу 200 пожари што се локализираат или активно горат.

Бугарија: Пожарот на Пирин се насочува повторно кон Струмјани и Сандански

Слични содржини