167
Голем дел од земјава ноќеска остана без струја. Електрична енергија снема во главниот град, Кочани, Прилеп, Гевгелија, Штип, Куманово, Битола…
Од ЕВН контакт центарот велат дека станува збор за голем дефект.
Скопјани на социјалните мрежи споделуваат дека немале струја повеќе од два часа.
ЕВН во текот на денот се очекува да информира каков и од колкави размери е проблемот.