За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.
Согласно прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти.
-По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор, се вели во соопштението од УПОЗ.
Владата и Синдикатот на УПОЗ вчера постигнаа начелен договор за исплата на додатоци на платите и покачување на платите по осум отсто во секоја од наредните три години. По средбата со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, рече дека е направен чекор напред.
Станува збор за околу 7.700 работници. Зголемувањето ќе биде на трипати по 8% годишно, а не по 10% како што баравме и ќе почне да се исплаќа од месец март, рече првиот човек на УПОЗ.
Пред тоа, како што појасни Деаноски потребно е со ова да се согласат сите органи и тела на УПОЗ и да се потпишат колективни договори. Тој не ја исклучи можноста ваквиот договор да не добие зелено светло од сите синдикати кои се во рамките на синдикатот.
Формулата предвидува во наредните три години на платата да се расте за 8%, со што ако сега е 35.000 денари, до 2028-ма да е околу 50.000 или за 40% повисока отсега.