Голем дел се на кислородна поддршка: Бројот на примени пациенти во ковид-центрите се зголемува

од Берта Китинска
297 прегледи

Во ковид центрите во Скопје во изминативе 24 часа биле хоспитализирани  нови 71 пациент кои биле позитивни на ковид 19. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство информираат дека поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 514 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Слични содржини