213
Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено со Леванте на гости (3:3) во првиот натпревар од 36. коло во Ла Лига и направија чекор назад во борбата за титулата.
Тимот од „Камп Ноу“ на две кола пред крајот е на второто место со 76 поени, со еден повеќе е лидерот Атлетико Мадрид, кој во среда го пречекува Реал Сосиедад, a еден помалку има Реал Мадрид.
Кралскиот клуб оди во посета на Гранада во четврток.
Барселона во следното коло ја пречекува Селта, а во последното коло е домаќин на Еибар.