Голем пожар кај селото Мирковци, ЦУК побара армиски хеликоптер

од Nikola Popovski
449 прегледи

Од Центарот за управување со кризи информираат за голем пожар над селото Мирковци на патот за селото Бродец.

-Веднаш по добиената информација за голем пожар на отворен простор над селото Мирковци на патот за селото Бродец, место викано Рамно во Општина Чучер Сандево, на терен излегоа екипите на БППЗ на Град Скопје, велат од ЦУК.

Според нив, поради комлексноста на состојбата и поради тоа што пожарот од едната страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка од воздух.

-Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани. Во моментов се очекуваат првите налети и дејствување од воздух. Согласно процедурите на ЦУК, искоординирани се и МВР, ДЗС и Шумско стопанство Караџица, стои во соопштението.

Слични содржини