Голем пожар попладнево изби над обиколницата во Битола, повредени двајца пожарникари

од Milan1
56 прегледи

Голем пожар попладнево изби над обиколницата во Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во целосна функција штабот за заштита и спасување, а екипите на терен во постојана координација со градоначалникот се зголемуваат.

Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.

Во пожарот повредени се двајца пожарникари. Од локалната самоуправа во Битола информираат дека тие се со лесни повреди и оти едниот е задржан на лекување во битолската болница, додека другиот е пуштен на домашно лекување.

Хоспитализираниот пожарникар има изгореници на дланките и на подлактицата. Вечерва во битолската болница тој беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Слични содржини