Голем пожар уништи историска зграда на поштата во филипинскиот главен град Манила, соопштија властите во понеделникот.
Повеќе од 80 противпожарни возила се испратени на местото на пожарот што избувна доцна во неделата во историската зграда на поштата во главниот град на Филипините, Манила, соопшти филипинскиот Оддел за противпожарна заштита.
Густ црн чад се издигна стотици метри во воздухот додека пламените јазици ја зафатија централната пошта. На пожарникарите им биле потребни повеќе од седум часа да го стават огнот под контрола.
„Целата зграда изгоре, од подрумот до петтиот кат“, изјави за радиото DZBB, Луис Карлос, генералниот директор на поштата на Филипините, додавајќи дека причината за пожарот е под истрага.
Генералниот директор на поштата и главен извршен директор на Филипинската поштенска корпорација рече дека пожарот брзо се проширил бидејќи иконската зграда не била опремена со прскалки.
FIRE ALERT: Fire trucks are on scene as General Alarm is raised at the fire in Manila Central Post Office according to the Bureau of Fire Protection.
The fire was raisied to second alarm at 1:09AM.
(Video by AJ Acosta/MPIO) pic.twitter.com/tzUDg9gvSC
— Manila Public Information Office (@ManilaPIO) May 21, 2023
„Изгоре целата библиотека со поштенски марки, вклучително и националната колекција на антички поштенски марки“, рече Карлос.
Тој додаде дека целата градба е важна бидејќи е наследство и најави реставрација и реновирање на објектот.
Изградена во 1926 година, зградата на поштата некогаш се сметала за „најголема зграда“ во Манила, според нејзината веб-страница.
Била уништена за време на Втората светска војна кога американските сили го вратиле главниот град по окупаторските јапонски сили, а потоа повторно била изградена во 1946 година.