Голем пожар избувна денес на Зелениот венец во Поп Лукина 15, дознава „Телеграф.рс“.
Како што пренесуваат српските медиуми, неколку лица биле повредени, од кои едно потешко. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар на реанимација.
Пожарот избувнал во станот во кој живее постар брачен пар.
На лице место се испратени две екипи на брза помош, а на терен се 21 пожарникар.