Голем пожар во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш кај вештачкото езеро Мантово

од Radmila Tasevska

Голем пожар на отворено избувна денес околу 14.00 часот во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото Дваесетти километар и вештачкото езеро Мантово.

Како што соопшти ЦУК, зафатени се околу 15-20 хектари сува трева, грмушки и нискостеблести растенија.

Пожарот на еден дел навлезе и во тешко проодна квалитетна мешовита шума.

За да се спречи ширење на пожарот во квалитетната шума ангажиран е еден хеликоптер на МВР.

Слични содржини