Пожар избувнал во шумската област Киристос на островот Евија во Грција, но властите сè уште не знаат точно што го предизвика пожарот.
Жителите на блиското село Ниборио започнаа да ги напуштаат своите домови пред да пристигнат првите противпожарни екипи на лице место и официјално да биде издаден налог за евакуација, пренесува агенцијата АНА.
Според првите информации, пожарот се ширел многу брзо поради силниот ветер што дува на целата област.
View this post on Instagram
Пожарникари од целиот остров, но и од континенталниот дел на Грција биле испратени да го изгаснат пожарот.
Досега три авиони канадери не биле во можност да се приближат до погодената област поради силните налети на ветрот, пренесува Танјуг.