Голем пожар вон контрола кај Атина – Досега најмалку една жртва

од desk2
17 прегледи Фото: Граѓанска заштита на Грција

Безживотното тело на постаро лице, било пронајдено во куќа зафатена од пожарот Тогани, во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, информираше попладнево портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис.

Како што јави „Екатимерини“, телото на мажот било пронајдено од пожарникарите за време на гаснење на пожарот во куќата во близина на местото од каде што започна пожарот.

Пожарот е активен и вон контрола над три часа во област што не е густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период биле испратени осум пораки за евакуација на низа населби.

Дејствуваат 11 авиони и 7 хеликоптери. На терен се 190 пожарникари со 44 противпожарни возила и голем број доброволни помагачи.

Дополнително, попладнево беше евакуиран и старечки дом.

Сообраќајната полиција го сопре движењето на патот Кератеа-Анависос.

Во моментов во голем дел од грчкото копно дуваат ветришта, што ја прави опасноста од ширење на пожарот голема.