Голема акција на МВР – се апсат членови на криминалните групи „Беланоца“ и „Барон“

од Nikola Popovski
29 прегледи

Од утрово може да се забележи зголемено присуство на полицијата низ дел од улиците на Скопје. Oд ОЈО ГОКК информираат дека под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во главниот град.

Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалните групи „Беланоца“ и „Барон“.

Од обвинителатвото повеќе детали најавуваат во текот на денот.

Според неофицијални информации се вршат претреси во поголем број на објекти во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на „Пластичарска“ во кое во мај минатата година беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети, како и убиството на Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти, Халкидики, Грција.

Слични содржини