Голема полициска акција, апсења и претреси низ цела Македонија

од Nikola Popovski
256 прегледи Полициски час

Утринава низа апсења во повеќе градови во државата. Според извори од полицијата во истрагата се вршат претреси на над 20 локации и има повеќе уапсени криминалци.

Како што дознаваме, мета на полицијата е организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност.

Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.