Голема полициска акција во Скопје, уапсени повеќе лица

од Nikola Popovski
746 прегледи

Македонската полиција синоќа продолжи со нова акција за апсење на сторители на кривични дела и по лица по кои се трага. Како што е познато, акција се одвивала во Скопје, поточно во Чаир и Арачиново, но и на други места во главниот град.

Освен на овие локации, синоќешната акција на МВР била проширена и во други градови. Неофицијално, биле уапсени повеќе лица поврзани со криминални групи.

Повеќе детали од полицијата најавија за денеска.

Во текот на вчерашниот ден, МВР разби терористичка организација во земјава, како што информира министерот Панче Тошковски. Подготвувале акција за дестабилизација, а сакале да индоктринираат и следбеници кои ќе ги поддржуваат нивните терористички активности. Во соработка со меѓународните партнери, домашната полиција уапси четворица по претреси на повеќе локации во Струга и Гостивар.

Тошковски објасни дека уапсените се сомничат за формирање на терористичка организација која соработувала со ќелии поддржани од насилни екстремистички и верски групи.

Министерот уверува дека постојат докази кои со кривичната пријава ќе се достават до обвинителството.

Слични содржини