Голема полициска акција во Србија: Уапсени водачи на балкански картел

од desk4
372 прегледи

Полицијата во Република Србија уапси 13 лица на подрачјето на Белград, Суботица и Зрењанин.Водачите на балканскиот картел  се осомничени дека во последните години  организирале шверц на повеќе од седум тони кокаин во Европа во последните години.

Во рамки на меѓународната акција „ЛЕСНО“, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во соработка со Европол и Обвинителството за организиран криминал ги уапси и приведе водачите на балканскиот картел кој во последните години организираше шверц на дрога во Европа.

Началникот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Чмолиќ, на вонредна медиумска конференција на МУП изјави дека најмалку седум тони кокаин, кои беа запленети во текот на 2020 година, се поврзани со членовите на балканскиот картел кои беа уапсени денеска.

Слични содржини