Голема полициска заплена на украдени возила на границите на ЕУ, учествувала и С.Македонија

од Nikola Popovski
285 прегледи

Во голема полициска операција на надворешните копнени граници на ЕУ, како и на граничните премини во Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија и Црна Гора, пронајдени се 505 украдени автомобили, околу 2.000 украдени возила делови, 16 чамци, 32 надворешни мотори и 248 фалсификувани документи, соопшти денеска Европол.

Покрај наведеното, во полициската акција во текот на октомври 2023 година, надлежните органи идентификувале 209 шверцери на мигранти.

Во акцијата под кодно име „Mobile 6“ учествувале околу 400 полицајци од 25 земји, кои извршиле детални проверки на повеќе локации, се наведува во соопштението.

Слични содржини