Голема полициска акција: МВР во координација со САД и Интерпол апси фалсификатори

од Берта Китинска
269 прегледи

Денеска во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланецот за фалсификување на патни исправи и лични документи.

Неофицијално како што дознаваме МВР во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која се уште трае.

Од министерството за внатрешни работи само ни потврдија дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.

Слични содржини